Достапни линкови

Брет - Политичката криза може да влијае врз инвеститорите


Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Ралф Брет.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Ралф Брет.

Доколку овој застој продолжи ќе ги компромитира не само стратегиските цели на земјата, туку и довербата на граѓаните во демократските институции и може да влијае врз одлуките на потенцијалните инвеститори во земјата, вели амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет.

Политичарите во Македонија да покажат зрелост и да размислуваат повеќе за долгорочните ефекти од нивните одлуки и однесување затоа што краткорочните добивки може да бидат повеќе штетни за државата отколку корисни. Ова е пораката на шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Ралф Брет. Тој во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека ситуацијата е критична и дека политичарите мора во прв план да ги имаат интересите на земјата и да мислат на компромис, а не само на своите максималистички позиции.
Бојкот на локалните избори од најголемата опозициска партија во секој случај ќе биде чекор назад за државата и за демократските институции. Без разлика колку добро ќе бидат спроведени изборите, доколку се случи таков бојкот, изборот на гласачите ќе ограничен и компетитивноста на изборите ќе биде под знак прашалник.

„Бојкот на локалните избори од најголемата опозициска партија во секој случај ќе биде чекор назад за државата и за демократските институции. Без разлика колку добро ќе бидат спроведени изборите, доколку се случи таков бојкот, изборот на гласачите ќе ограничен и компетитивноста на изборите ќе биде под знак прашалник. Ние како ОБСЕ, се разбира сме загрижени од таквиот развој на настаните, за реформите кои се во тек, и за безбедносната ситуација. Ако застојот продолжи, тој ќе може да има долгорочни негативни ефекти. Затоа ние апелираме до сите политички лидери да продолжат со политичкиот дијалог и да дадат се од себе за се надмине оваа ситуација и дојде до можно решение. “

Амбасадорот Брет изјави дека моменталната политичка криза може да влијае врз многу сегменти во општеството.

Од една страна ќе треба Европската комисија да прикаже неуспех и покрај сите напори и покрај сите усвоени технички придобивки или технички мерки,сепак на крајот имаме ваква драматична ситуација. Тоа е на некој начин и пораз на политиката. Од друга страна Македонија би можела доколку не се реши кризата да ја изгуби препораката, многу е веројатно да ја изгуби препораката за преговори за членство во ЕУ.
„Јас мислам и имам причини да верувам дека политичките актери мислат на тоа и го оценуваат потенцијалот на оваа ситуација, но најважно е да не мислат само на краткорочна корист, туку на долгорочните ефекти. Долгорочните ефекти можат да предизвикаат загуба за сите актери (lose - lose ситуација). И покрај тоа што е очигледно, морам повторно да кажам дека доколку овој застој продолжи ќе ги компромитира не само стратешките цели на земјата, туку и довербата на граѓаните во демократските институции и може да влијае врз одлуките на потенцијалните инвеститори во земјата.“

Аналитичарот Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование вели дека последиците од политичката криза неизбежно ќе се почуствуваат и во економскиот сектор особено во потрагата по инвестиции.

„И притоа секој сериозен инвеститор, притоа сериозен не е тој што доаѓа да се слика, а следниот ден дознамаме дека му се блокирани сметките во неговата држава. Тешко дека некој сериозен инвеститор ќе дојде во држава во којашто имате растурен парламент, во држава во којашто немате опозиција на изборите и во држава со чија што иднина не се знае што ќе биде бидејќи едноставно не знае на која страна се фокусира.“

Тој додава дека жртва на кризата се и евроинтеграциските процеси, прва на удар е довербата во тој процес, а последиците ќе бидат двострани. Причина за тоа е што од една страна Европската комисија влезе со големи влогови во претпристапниот дијалог на високо ниво и тука таа практично го заложи целиот свој кредибилитет.

„Од една страна ќе треба Европската комисија да прикаже неуспех и покрај сите напори и покрај сите усвоени технички придобивки или технички мерки, сепак на крајот имаме ваква драматична ситуација. Тоа е на некој начин и пораз на политиката. Од друга страна Македонија би можела доколку не се реши кризата да ја изгуби препораката, многу е веројатно да ја изгуби препораката за преговори за членство во ЕУ, што може на долг рок да не остави надвор од сите текови во регионот, бидејќи во регионот тенденција е сите држави да добијат некаков статус и да почнат да преговараат најдоцна до 2014 година.“

Маричиќ објаснува дека домино ефектот од последиците од политичката криза која е многу драматична и длабока се неизбежни. Тие ќе се почуствуваат во речиси сите полиња, од евроинтегративните процеси до внатрешните односи и стабилноста преку надворешните приоритети и односи ќе се прелее и во економската сфера и нејзината стабилност.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG