Достапни линкови

Рикер: да запре националистичката реторика на Тирана


Филип Рикер

Филип Рикер

Заменик помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Филип Рикер јасно стави до знаење дека пораката на негoвата посета на Тирана е да се стопираат националистичките тонови. „Оваа националистичка реторика нe вознемирува сите, нe вознемирува нас и ЕУ. Ова е мојата порака. Ние отворено и јавно ќе зборуваме, бидејќи сме сојузници, изјави Рикер во емисијата „Топ стори“ на тиранската телевизија Топ-чанел. Зборувајќи за парламентарните избори кои во оваа земја ќе се спроведат на 23 јуни Рикер рече дека овие избори се многу значајни за иднината на земјата.
XS
SM
MD
LG