Достапни линкови

Оставката на бугарската влада, по насилните протести, е предупредување и за владите во другите европски земји. Ова се наведува во коментарот во весникот „Фајненшал тајмс“ во кој се оценува дека владите мора да научат која е вистинската цена на нивната политика.

Дури и покрај знаците дека најлошите проблеми во еврозоната и падовите што следеа можеби се минато, во денешната Европа која нема голем пораст, социјалните нереди можат да добијат суштинска сила за да соборуваат влади и во земји кои директно не се погодени од кризата.
Нагласеното несогласување со политичката елита за која Бугарите сметаат дека е протекционистичка и самодоволна експлодираше откако месечните сметки за електрична енергија достигнаа и до 100 евра и тоа во услови кога просечната плата е 387 евра.

Централно десната влада на Бојко Борисов е уште една жртва на мерките за штедење, иако, како што пишува „Фајненшал тајмс“, Бугарија не страдаше од некои посебно остри кратења во поглед на болните фискални затегнувања.

Бугарија, за разлика од соседните Грција и Романија, не бараше спас од меѓународната заедница. Невработеноста, иако е во пораст и сега изнесува 12 насто, сепак не е толку голема ако се спореди со другите земји во Европа.

Една лекција од оваа паѓање на владата е таа дека секој кој во иднина ќе ја преземе власта ќе мора да ги дуплира напорите за да ја запре корупцијата, која можеби најмногу придонесе и за големите животни трошоци.
Бугарија неодамна дури гордо тврдеше дека била остров на релативна економска стабилност на Балканот. Но, владата не успеа да обезбеди пораст на платите кои останаа најниски во Европската унија, што искомбинирано со растечките цени потикнаа масовни протести.

Нагласеното несогласување со политичката елита за која Бугарите сметаат дека е протекционистичка и самодоволна експлодираше откако месечните сметки за електрична енергија достигнаа и до 100 евра и тоа во услови кога просечната плата е 387 евра.

Господин Борисов, како што пишува „Фајненшал тајмс“ заслужува пофалба за одлуката да отстапи од власт со цел да не ризикува натамошно насилство во земјата.

„Се надевам дека сите шпекулации ќе завршат со ова гласање за мојата оставка. Сега одам надвор да му се обратам на народот. Ние секогаш сме биле партија која го сака народот, како и редот. Од сега, секој кој прави нереди не е наш симпатизер“, изјави Борисов по седницата на бугарскиот парламент.

Со веројатни предвремени избори, сега сите партии треба да се заложат дека ќе работат и дејствуваат во рамките на правилата.

Уставните и демократските предизвици што се појавија во соседната Романија откако на протестите во минатата година беше извршен притисок за смена на владата, во Бугарија се одбегнати. Сепак, се уште постои опасност претстојната предизборна кампања да биде искористена од радикалните партии. Доминантна изборна тема секако ќе биде изнаоѓањето начини за намалување на цените на струјата.
Но, една лекција од оваа паѓање на владата е таа дека секој кој во иднина ќе ја преземе власта ќе мора да ги дуплира напорите за да ја запре корупцијата, која можеби најмногу придонесе и за големите животни трошоци.

Бојко Борисов дојде на власт во 2009 година, ветувајќи го токму тоа: намалување на корупцијата и подобрување на стандардот, но напредокот беше пребавен.

Она што е најзначајно и за другите земји на Европската унија е фактот што со зацврстувањето на фискалната дисциплина ќе се зголемуваат проблемите.

Бугарија лесно ги постигна критериумите од Маастрихт за влез во еврозоната и се врза за еврото уште во 1997 година со што ја избегна кризата.

Но, тоа не ги увери гласачите, наведува „Фајненшал тајмс“, заклучувајќи:

„Тоа е лекцијата која владите дури и во побогатите држави би требало да ја научат.“
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG