Достапни линкови

logo-print

Во Тирана заплени сто килограми марихуана


Полицијата во Тирана заплени сто килограми марихуана и уапси тројца албански државјани кои ја транспортирале дрогата. Запленетата марихуана требало да заврши на тиранскиот нарко пазар, соопшти полицијата која ја продолжува истрагата за идентификација на други лица вмешани во трговијата со дрога. Од почетокот на годинава албанската полиција има запленето околу два тона марихуана, главно произведена во селото Лазарат, познато по производство на холандски сорти канабис сатива.
XS
SM
MD
LG