Достапни линкови

Бан Ки Мун и Аврамопулос за преговорите за името


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун на состанокот во Њујорк со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос разговарале за можностите за обновување на преговорите за изнаоѓање решение во Кипар и за решавање на грчко македонскиот спор за името. Ова се наведува во соопштението во кое се додава дека Бан Ки Мун ја истакнал важноста од забрзување на напредокот во двата процеса и ја повторил неговата лична посветеност за таа цел. „Грција презеде значајни иницијативи, како што е предлогот за потпишување на меморандум за разбирање со Скопје, но не видовме одговор од другата страна. Се надеваме, и го мислиме тоа, дека во соседната земја наскоро ќе се создадат услови кои ќе доведат до поконструктивен став од страна на властите “, изјави грчкиот министер Аврамопулос по средбата во Њујорк.
XS
SM
MD
LG