Достапни линкови

Ване Костуранов - Ловец на секојдневието во своите слики


Ване Костуранов.

Ване Костуранов.

„Небо во лицата“ е насловена четвртата самостојна изложба на струмичкиот уметник Ване Костуранов пред скопската ликовна публика. На оваа постановска што ќе биде отворена утревечер во галеријата на Младинскиот културен центар ќе бидат претставени триесеттина дела работени во техника акрил на платно.

Во сезоните кога се менуваат ветровите, кога градовите се наоѓаат зад дрвјата спремни да станат книги, се будат лицата, се будат нивните сонови. Ливада од лица. Планина од плач. Ѕвезди без ѕидови. Тоа е светот на врамените патници. Луѓе прегрнати од спомени, лица загледани во времето, неба загледани во очите.
Ова е еден вид продолжение на таа серија тогаш. „Лица под небото“ во меѓувреме се транформираа во „Небо во лицата“ затоа што самите фигури, самите личности добија лица, добија очи, добија карактер. И, тоа е небото всушност изразено преку очите.

Ване Костуранов.

Ване Костуранов.

Ова ќе го запише поетот Никола Маџиров кон изложбата „Небо во лицата“ на својот сограѓанин и пријател Ване Костуранов. Впрочем и неговите преубави стихови се поместени на картичките со репродукции од несекојдневниот каталог за оваа постановка со која струмичкиот уметник по безмалку тригодишна пауза од „Лица под небото“, по четврти пат, се претставува пред главноградската ликовна публика.
Во сликите сум целосно Ване Костуранов, а во дизајнот делумно. Поради многу фактори дизајнот бара друг тип на ангажман. Таму се прават многу компромиси. Сепак, мора да кажам дека дизајнот ми дава некоја финансиска сигурност, а сликарството за мене е духовната храна и исполнетост.

„Ова е еден вид продолжение на таа серија тогаш. „Лица под небото“ во меѓувреме се транформираа во „Небо во лицата“ затоа што самите фигури, самите личности добија лица, добија очи, добија карактер. И, тоа е небото всушност изразено преку очите.“

Костуранов дополнува дека веројатно има вистина во тоа што некои препознаваат многу секојдневие во неговите слики и истакнува дека тој инспирацијата ја наоѓа во луѓето што ги среќава, обичните минувачи што навидум не ги забележува.

„Потсвесно навлегува тоа некако внатре во мене и потем, по некое време, сака да излезе преку сликите. Мојот начин на работа не е концептуален. Не е нешто што го размислувам со денови и со месеци. Нема концепт, туку едноставно застанувам пред белото платно и сето тоа излегува од мене. Знам звучи чудно и нереално, ама така е. Токму емоциите ја имаат главната улога во тој процес.“

Уметникот истакнува дека светлите бои и посебно светлината во „Небо во лицата“ е всушност резултат на случувањата во неговиот интимен живот(пред две години му се родила ќеркичка, а пред осум месеци син), а говорејќи за себе како сликар и наедно како еден од основачите на студиото за веб и графички дизајн „Работилница“ подвлекува дека се обидува да еквилибрира помеѓу финансиската сигурност и духовната храна.

„Во сликите сум целосно Ване Костуранов, а во дизајнот делумно. Поради многу фактори дизајнот бара друг тип на ангажман. Таму се прават многу компромиси. Сепак, мора да кажам дека дизајнот ми дава некоја финансиска сигурност, а сликарството за мене е духовната храна и исполнетост.“

Роден 1979 година во Струмица, Костуранов, иако самоук, досега учествувал на повеќе групни постановки во земјава и во странство и одржал девет самостојни изложби. Тој вели дека слика интуитивно, без некаков посебен план и дека и оваа серија што ја претставува сè уште не е завршена. Ова го илустрира со информацијата дека „Небо во лицата“ почнал да ја изложува лани во март во Охрид, дека потем во неомври ја видела штипската ликовна публика, за да конечно дојде и во Скопје, но потенцира дека постановката скоро секогаш била различна.

„Секој нов период има и нови слики. Уште тлее огнот во мене и серијата се надополнува. Така да навистина не би знаел кога сето тоа ќе заврши и дали се ова сите слики што ќе бидат од овој циклус. Сè уште не сум почувствувал дека тоа е тоа и дека внатре во мене нема повеќе што да извадам и дека ми е неопходно потребна пауза. Обично кога ќе се испразните, вие колку и да сакате да создадете нови слики, не бидува. Од вас излегува нешто недефинирано, со вас започнува да владее потребата за пауза и чекате повторно да ви дојде тој порив. Тоа чекање може да трае и година, две... Помеѓу двете мои последни изложби чекањето траеше година и половина. Не дека не се обидов да сликам во тој период, ама работите не излегуваа како што сакав. Се гледа кога излегува нешто дефинирано, прочистено, ненасилено туку едноставно искрено“, вели Костуранов.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG