Достапни линкови

logo-print

Околу 30 илјади луѓе протестираат против мерките за штедење во Брисел


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Најмалку 30 илјади луѓе протестираат во Брисел против мерките за штедење. Протестот го организираа трите најголеми синдикати во земјата. Меѓу учесниците се и работниците што се соочуваат со отпуштање во фабриката на Форд во Генк, како и оние што работат во железарницата на Арчелор Митал во Лиеж. Синдикатите очекуваа на протестот да излезат 10 илјади луѓе. Синдикатите протестираат против владината одлука да ги замрзне платите, но и социјалната помош и минималната плата. Иако, тие не повикаа на генерален штрајк, јавниот превоз е во хаос во целата земја.
XS
SM
MD
LG