Достапни линкови

Дукат го повлекува млекото од Македонија


Илустрација.

Илустрација.

Претставништвото на „Дукат“ во Македонија одлучи времено да ги повлече од продажба сите млека од овој бренд што се наоѓаат на македонскиот пазар и покрај тоа што за нив Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека се безбедни и здравствено исправни, односно дека не содржат микотоксини над законски пропишаните граници. Повлекувањето од продажните места ќе се однесува само на трајните млека. Останатите млечни производи, јогуртите, киселите млека, сирењата, намазите, нема да бидат повлечени зашто, според компанијата, се веќе потврдено проверени.
XS
SM
MD
LG