Достапни линкови

СДСМ за писмото на Филе - Груевски е на потег


Зоран Јовановски, потпретседател на опозицискиот СДСМ.

Зоран Јовановски, потпретседател на опозицискиот СДСМ.

Во секое демократско општество одговорноста за состојбите во земјата оди кај власта. Сега е моментот Груевски да го направи тоа што треба да го направи и Груевски е на потег, изјави потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со писмото од еврокомесарот Штефан Филе до премиерот Никола Груевски и до претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски за надминување на полтичката криза во земјава.

„За политичката криза во земјава, имаше повеќе соопштенија во повеќе наврати, не само од комесарот Филе, туку имаше и заеднички соопштенија на ЕУ, НАТО, Стејт департментот, ОБСЕ. Кога има такви соопштенија и повици, не еден, туку повеќе, во серија, кога треба луѓето од надвор да ви кажат, а вие сте премиер на земјата, што треба да направите и тоа мора десет пати да ви го кажат, првата работа што премиерот треба да ја направи е да се засрами и да се замисли. Дали тој тоа го смета за засилен притисок или не, јас не можам да кажам, меѓутоа мислам дека тој сè уште не ја сфаќа сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа Македонија“, рече Јовановски.

Тој потврди дека секретарот на СДСМ Андреј Петров е во Брисел, каде што на претставници на ЕУ им ја објаснува позицијата на СДСМ.
XS
SM
MD
LG