Достапни линкови

Привремен прекин на протестите во Ерменија


Претседателскиот кандидат во Ерменија Рафи Хованисјан, кој ги оспорува резултатите од изборите одржани во понеделникот, денеска се сретна со старо-новиот претседател Серж Саркисјан.

Претседателскиот кандидат во Ерменија Рафи Хованисјан, кој ги оспорува резултатите од изборите одржани во понеделникот, денеска се сретна со старо-новиот претседател Серж Саркисјан.

Претседателскиот кандидат во Ерменија Рафи Хованисјан, кој ги оспорува резултатите од изборите одржани во понеделникот, денеска се сретна со старо-новиот претседател Серж Саркисјан. По средбата, поранешниот министер за надворешни работи Хованисјан ги повика илјадниците негови приврзаници кои протестираат во Ереван да ги прекинат протестите. Тој ги повика повторно на протести в петок, кога со претседателот Саркисјан треба да разговараат за резултатите од изборите. Саркисјан победи во првиот круг со освоени скоро 59 отсто од гласовите, додека Хованисјан освои скоро 37 проценти. Тој оцени дека резултатите се лажирани. Набљудувачите од ОБСЕ соопштија дека овие избори биле подобри од претходните, но оти не биле сосема конкурентни.
XS
SM
MD
LG