Достапни линкови

Борисов - Ахмет Доган нарачал атентат врз мене


Ахмет Доган е нарачател на атентат врз мене, изјави денеска од парламентарната говорница премиерот на Бугарија во оставка Бојко Борисов. Атентатот наводно се подготвувал пред претходните избори. Изјавата на Борисов беше дадена по провокација од пратеник од ДПС (Движење за права и слободи) за врските на Борисов со организираниот криминал.

„Очигледно ги минавте сите граници и сакам луѓето да знаат дека во тој документ од разузнавањето се вели дека заради многу сериозни интереси на меѓународниот криминал, се подготвува атентат и нарачател е Ахмет Доган“, изјави Борисов.
XS
SM
MD
LG