Достапни линкови

Пожарот во Трескавец поради нечист оџак


Запалени наталожени смоли-саѓи во нечист, неисправен оџачки канал кој имал конструктивни недостатоци, а не електрична инсталација, се причина за пожарот во кој изгореа конаците на манастирот Трескавец, покажуваат извештаите на вештите лица кои се доставени до Основниот суд во Прилеп, објави МИА. Во официјалните констатации вештите лица наведуваат дека со реконструкцијата на конаците од 1990 година во објектот не се применети мерки за заштита од пожар, а во проектот за обнова нема елаборат за тоа, информира портпаролот на прилепскиот основен суд Жарко Велески. Истражната постапка за пожарот во Трескавец сè уште трае.
XS
SM
MD
LG