Достапни линкови

Волерс - Сите политички субјекти да работат за интересите на државата


Сите политички субјекти во Република Македонија треба своите активности да ги спроведуваат водејќи сметка за пошироките интереси на државата, порача денеска американскиот амбасадор Пол Волерс.

„Нашата позиција е дека кризата, доколку може да се нарече криза, треба да биде надмината за доброто на државата. Сметаме дека политичката ситуација може да се надмине, но за тоа е потребно да се седне и да се разговара, заеднички од сите субјекти“, изјави амбасадорот на САД.

За тоа дали опозицијата треба да се врати на изборите, Волерс рече дека не би сакал да навлегува во поединости за тоа како да се надминат недоразбирањата.
XS
SM
MD
LG