Достапни линкови

logo-print

Русија бара информации за смрта на посвоеното дете во САД


Канцеларијата на Рускиот Јавен обвинител побара од американското Министерство за правда за редовни информирање за околностите на смрта на руско момче усвоено од американско семејство.

Од Канцеларијата ги очекуваат резултатите од аутопсијата од Eктор Каунти, Тексас, каде што тригодишниот Макс Шато, во Русија именуван како Максим Кузмин почина минатиот месец. Лекарот Ширли Штадфаер за Радио Слободна Европа изјави дека момчето имало модринки на телото, но таа засега не можеше да каже дали тие биле резултат на злоупотреба.

Преставникот на руското министерство за надворешни работи Константин Долгов изјави дека постојат причини да се верува дека момчето починало поради сурово и нечовечко однесување.
XS
SM
MD
LG