Достапни линкови

Најзастапен политичкиот мобинг


Од канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг велат дека во Македонија е најзастапен политичкиот мобинг, особено во државните институции.

Скоро 44 проценти од вработените во Македонија се соочуваат со психичко малтретирање на работното место, покажале истражувањата на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг. Мобингот, објаснуваат оттаму, е специфична форма на однесување на работното место кога едно или повеќе лица психички вознемируваат друго лице или група, загрозувајќи им го угледот, честа и достоинството, а при тоа ваквото однесување трае најмалку шест месеци.
Во последниов период имаме не само политички мобинг, туку имаме и да речеме сексуално вознемирување со елементи на психичко вознемирување. Многупати луѓето не знаат дека сексуалното вознемирување, како и другото навредливо понижувачко однесување може да се третира како мобинг.

Статистиките покажуваат дека најмногу мобинг трпат вработените во текстилната индустрија, угостителството и туризмот, објаснува Маја Ристова, правен советник во Канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг, при Сојузот на синдикати.
Илустрација.

Илустрација.


„Во последниов период имаме не само политички мобинг, туку имаме и да речеме сексуално вознемирување со елементи на психичко вознемирување. Многупати луѓето не знаат дека сексуалното вознемирување, како и другото навредливо понижувачко однесување може да се третира како мобинг“, вели Ристова.
Законски и да се среди мислам дека нема да функционира како што треба да функционираат законите, поради тоа што и судството ни е корумпирано.

Од Канцеларијата ги охрабруваат жртвите на мобинг да не се плашат да пријават дека се соочуваат со таква појава на работното место и да побараат соодветна помош од нив.

„Секој што се чувствува дека е загрозен, што мисли дека е жртва на мобинг, може да пријави на СОС телефон. Со самото пријавување ние гарантираме доверливост на податоците и информациите коишто доаѓаат во канцеларијата. Нашиот тим по спроведениот прашалник го сослушува лицето и по сослушување на лицето установуваме дали навистина се работи за мобинг или не. Тоа се докажува најмногу со реални докази коишто ги нуди лицето.“

Ристова објаснува дека донесувањето на закон за заштита од мобинг, кој е во подготовка ќе овозможи работниците да добиваат поголема заштита, но и поголема храброст правдата да ја бараат пред суд или вонсудски. Од друга страна, пак, моберите не би вознемирувале ако знаат дека за тоа ќе бидат казнети.

Предлог законот предвидува глоба од 5 до 10 илјади евра за моберот, во случај кога ќе се утврди дека извршил мобинг, од 10 до 15 илјади ако извршил штетен мобинг и од 15 до 20 илјади евра ако извршил особено штетен мобинг.

Граѓаните, пак, велат дека жртвите на мобинг не се одлучуваат да го пријават тоа од страв да не го загубат работното место, а не веруваат дека и соодветен закон ќе ја подигне свесноста на повисоко ниво, оти како што посочуваат судството е корумпирано, а законите во земјава не се почитуваат.

„Какви се институциите кај нас што претпоставувам дека нема да биде многу пријатно ако пријавиш мобинг и после да немаш проблеми со работодавецот. Многу е мала веројатноста.“

„Законски и да се среди мислам дека нема да функционира како што треба да функционираат законите, поради тоа што и судството ни е корумпирано“, велат анкетираните граѓани.

Од канцеларијата за помош и едукација на жртвите на мобинг велат дека во Македонија е најзастапен политичкиот мобинг, особено во државните институции. Тврдат дека подолготрајната изложеност на мобинг предизвикува сериозни последици по психичкото здравје и емотивниот живот на жртвата, последици врз семејството, но и економска штета за работната организација, како и нарушување на нејзината репутација.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG