Достапни линкови

logo-print

Црна Гора го повлекува од пазарите млекото од Србија и БиХ


Министерството за земјоделие на Црна Гора побара да биде повлечено од пазарите млеко од шест производители од Србија и БиХ, кај кои по анализи е откриена виеока концентрација на афлатоксини.
На Ветеринарната управа и е наложено дополнително превентивно да ги контролира и црногорските производители на млеко.
Според Министерството, високо ниво на афлатоксин има во млеката на Нишка млекара, Имлек-Белград, Имлек-Козарска Дубица, Концерн Фармаком М.Б. Шабац – Млекара Шабац, Мегле Крагуевац и Милкоп-Рашка.
Привремено во Црна Гора се запира и увоз од производители чие млеко е контаминирано.
XS
SM
MD
LG