Достапни линкови

Засилено полициско присуство во северниот дел од Косовска Митровица


Заменикот регионален директор на косовската полиција Ергин Медиќ изјави дека полицијата го засилила свое присуство во северниот дел на Косовска Митровица заради инцидентите кои во изминатите неколку дена се случија во тој град.
Според Медиќ, засилени се мерките за безбедност особено во вечерните часови. На северот на Косово во изминатите два месецеа регистрирани се преку 20 сериозни инциденти.
Во тие напади напаѓачите користеле експлозив, рачни бомби и различни видови огнено оружје. Само во изминатата недела во северниот дел од Косовска Митровица имало повеќе такви кривични дела. Одговорните за инцидентите не се се уште уапсени.
XS
SM
MD
LG