Достапни линкови

Хрватска во ЕУ без механизам за соработка и проверка


Хрватска ќе влезе во ЕУ без механизам за соработка и проверка, каков што и беше наложен на Романија Бугарија, соопшти Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.
Во соопштението се наведува дека европратениците имаат доверба во силата и зрелоста на демократијата во Хрватска, во социјалната пазарна економија и во нејзината способност да ги исполни обврските на членка на ЕУ.
Европратениците, исто така, побараа од трите земји Словенија, Данска и Германија, кои се уште не го ратификувале договорот за влез на Хрватска во ЕУ, да го сторат тоа.
XS
SM
MD
LG