Достапни линкови

Аврамопулос и Бан Ки Мун, меѓу другото и за Македонија


Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун со кого, меѓу другото, ќе разговара и за прашањето за името на Македонија.
Аврамопулос и Бан Ки Мун ќе разговараат и за кипарското прашање како и за теми поврзани со стабилноста и безбедноста во Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Северна Африка.
Според грчките медиуми, средбата во Њујорк се одржува во чувствителен период, поради кризата во медитеранскиот регион и ситуацијата во Сирија.
Средбата на Аврамопулос со Бан Ки Мун се одржува нецел месец по последната рунда разговори на медијаторот Метју Нимиц со претставниците на Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис во Њујорк. По тој состанок, медијаторот најави нови средби со преговарачите кои би требало да се одржат во март.
XS
SM
MD
LG