Достапни линкови

logo-print

Рикер во посета на Албанија


Заменик помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, денеска ќе допатува во дводневна посета на Тирана.
За време на престојот тој ќе се сретне со албанскиот претседател Бујар Нишани, премиерот Сали Бериша, министерот за надворешни работи Едмонд Панарити и со лидерот на опозициските социјалисти, Еди Рама.
Во фокусот на разговорите на високиот американски функционер со албанските претставници ќе бидат последните случувања во земјата, како и парламентарните избори закажани за 23 јуни годинава.
XS
SM
MD
LG