Достапни линкови

Бугарскиот парламент се изјаснува по оставката на владата


Бугарскиот парламент денеска ќе ја разгледува и ќе се изјасни за оставката на владата на премиерот Бојко Борисов, предизвикана од повеќедневните протести поради поскапувањето на струјата, мерките за штедење и сиромаштијата. Владата ќе ги извршува функциите до избор на нова влада и ќе направи се што е неопходно за обезбедување на непречена работа на државните органи. Имаме чест и достоинство. Народот не донесе на власт и ние денеска ја враќаме власта, се наведува во соопштението на владата.
Борисов дојде на власт по последните избори во јули 2009 година. Следните редовни парламентарни избори треба да се одржат во јули годинава, но сега по владината оставка, можно е гласањето да се одржи кон крајот на април.
XS
SM
MD
LG