Достапни линкови

logo-print

Беспилотните летала убиле 4.700 луѓе- тврди американски сенатор


Сенаторот Линдзи Грахам

Сенаторот Линдзи Грахам

Американскиот сенатор од Републиканската партија Линдзи Грахам изјави дека околу 4 илјади и 700 луѓе, меѓу кои и цивили, загинале во нападите на американските беспилотни летала. Ова е прв пат претставник на законодавната или извршната власт да соопшти информација за вкупниот број жртви во стотиците напади со овие летала против терористички цели во Пакистан, Јемен и на други места.
Грахам, инаку поддржувач на нападите, е цитиран од локален сајт во Јужна Каролина: „имаме убиено 4.700, меѓу кои и неколку високи членови на Ал Каеда.“ Франс прес јави дека канцеларијата на Грахам потврдила оти сенаторот е точно цитиран.
XS
SM
MD
LG