Достапни линкови

logo-print

Случај Писториус: сумирање на аргументите


Оскар Писториус

Оскар Писториус

Обвинителите и одбраната се очекува денеска да ги сумираат нивните аргументи во рочиштето за кауција за Оскар Писториус, јужноафриканскиот параолимпиец обвинет за убиство со предумисла на неговата девојка. Адвокатите на Писториус се обидоа да го „поткопаат“ случајот на обвинителите, поради наводни недостатоци во работата на полицијата која дошла во домот на Писториус за да го испита убиството на 29-годишната Рива Стенкамп.
Писториус, кој има 26 години, се брани дека пукал во девојката по грешка, мислејќи оти таа е провалник. Обвинителите, пак, сметаат дека тој планирал да ја убие Стенкамп.
Оскар Писториус, кому двете нозе му се ампутирани, е прв атлетичар кој со протези учествуваше на Олимписки игри.
XS
SM
MD
LG