Достапни линкови

logo-print

Времето променливо со повремен дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, a во јужните делови претежно облачно. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови, а пообилни се очекува да бидат во југоисточниот дел на земјава. На повисоките планини ќе врне снег. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура се движи од минус три до четири, а дневната ќе биде од пет до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, особено во вечерните часови. Утринската температура се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажни продори од Медитеранот. Ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд.
Особено топло ќе биде за време на викендот кога се очекуваат нешто пообилни врнежи од дожд и забрзано топење на снегот по планините.
XS
SM
MD
LG