Достапни линкови

Клаус против одземањето на лиценцата на ЧЕЗ во Бугарија


Чешкиот претседател Вацлав Клаус.

Чешкиот претседател Вацлав Клаус смета дека заканата за одземање на лиценцата за работи на чешката енергетска компанија ЧЕЗ во Бугарија, е резултат на политичка борба, јави дописникот на МИА од Прага. ЧЕЗ е искористена како инструмент за политичко ривалство, а не како причина, изјави Клаус. Според него, слични работи се случуваат секогаш кога се подготвува некој исклучителен политички настан, како на пример избори. Клаус посакува чешкото политичко раководство да реагира решително, како што претпоставува дека би реагирале други земји-членки на ЕУ доколку Чешка би го направила истото.
XS
SM
MD
LG