Достапни линкови

logo-print

Заврши петтата рунда разговори Дачиќ-Тачи во Брисел


Премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.

Премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ со шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.

Премиерите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Ивица Дачиќ ги завршија дводневните разговори што се одржуваат со посредство на ЕУ во Брисел. Косовскиот премиер Тачи на новинарите им изјави дека меѓу другото се разговарало за нормализација на состојбата во северно Косово и за прашањето за паралелните структури на северот на земјата. Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, која е домаќин на средбите, соопшти дека е постигнат значителен напредок. Во кусото соопштение по средбиде, таа вели дека шестата рунда разговори меѓу Дачиќ и Тачи ќе се одржи на 4 март во Брисел. Белград не го признава Косово, но подобрувањето на односите со Приштина е услов за продолжување на евроинтеграциите на Србија.
XS
SM
MD
LG