Достапни линкови

Шефот на бугарската боречка федерација го врати златниот медал во МОК


Илустрација.

Илустрација.

Првиот човек на Бугарската боречка федерација Валентин Јорданов соопшти дека на Меѓународниот олимписки комитет(ИОК) ќе му го врати златниот медал освоен на Олимписките игри во Атланта 1996 година. На прес-конференција одржана во Софија, бугарскиот поранешен олимписки шампион во борење ги информира новинарите дека испратил писмо до првиот човек на ИОК, Жак Рог во кое му ја соопштил причината за својата одлука да го врати златото.

Како што рече Јорданов, ваквиот потег е знак на протест поради најавите за исклучување на борењето од Олимписката програма. Пред десетина дена ИОК ја информираше јавноста дека одлучи да го исклучи борењето од програмата на Олимписките игри почнувајќи од 2020 година и на негово место да вметне друг спорт. Ваквата одлука предизвика низа негативни реакции во земјите каде борењето е традиција меѓу кои се и велесилите САД и Русија.
XS
SM
MD
LG