Достапни линкови

Нема чаре за лошата состојба во медиумите


Состојбата со новинарството е црна и нема исчекор напред во решавањето на проблемите со медиумите и слободата на изразување, се согласија учесниците на конференција „Што се случува со слободата на изразување и медиумската слобода во Македонија“ во организација на ЗНМ, Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Институтот за социјална демократија „Прогрес“.

Проблемите во медиумите остануваат, решенија ни на повидок. Медиумски организиации и луѓето кои се тесно поврзани со медиумите на уште една дебата говореа за тоа „Што се случува со слободата на изразување и медиумската слобода во Македонија?“
Имаме резултати, но многу прашања останаа отворени. Каква е ситуацијата сега? Дијалогот заврши, пред се истече времето за кое бевме договорени дека ќе разговараме, една година, но од друга страна нешто што беше како катализатор за неговото завршување, беше и оној настан на 24 декември.

Комуникологот Климе Бабунски забележа дека насловот на конференцијата е малку грешен.

„Подобар наслов ќе беше „Во спомен на ....“ или In Memoriam. Ние зборуваме за слободата без ослободители, тука нема ниту глодур ниту глодурка, нема ниту газда, ниту стопан. Да се зборува за слободата за медиуми без нив, е како да зборува робјето за својата клета состојба.“

Драган Секуловски, извршен директор на Здружението на новинари, вели дека токму решавањето на проблемите во медиумите било повод тие да седнат на заедничка маса со владата и да работат на нивно решение.
Напротив, сметам дека секој ден во секој поглед ние назадуваме во поглед на решавање на проблемите кои не доведоа на дното на медиумските слободи во Европа.

„Имаме резултати, но многу прашања останаа отворени. Каква е ситуацијата сега? Дијалогот заврши, пред се истече времето за кое бевме договорени дека ќе разговараме, една година, но од друга страна нешто што беше како катализатор за неговото завршување, беше и оној настан на 24 декември.“

Секуловски вели дека се обиделе институционало да побараат правда за она што им се случи на новинарите на 24 декември, но до денеска нема исход по тоа прашање. Што се однесува, пак, до законот за медиуми, тој ги запраша институциите дали навистина сакаат да го објават нацрт-текстот и дали сакаат јавноста да има увид во него.

Директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска, вели дека од 2010 наваму секојдневно зборуваат за проблемите, за нивните можни решенија, но прогрес нема.
Новинарите во овој момент се економски робови, заради тоа што ги купуваат, ги продаваат, ги преместуваат во редакции кадешто сакаат или не сакаат, ги преместуваат во други медиуми без да ги прашаат, прават притисоци, ги бркаат на улица и на крај ги плаќаат не нив, туку газдите. Тоа мислам дека е дефиниција за роб.

„Напротив, сметам дека секој ден во секој поглед ние назадуваме во поглед на решавање на проблемите кои не доведоа на дното на медиумските слободи во Европа.“

Новинарот Драган Антоновски во име на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници зборуваше со кои проблеми се соочуваат новинарите и медиумските работници во редакциите.

„Новинарите во овој момент се економски робови, заради тоа што ги купуваат, ги продаваат, ги преместуваат во редакции каде што сакаат или не сакаат, ги преместуваат во други медиуми без да ги прашаат, прават притисоци, ги бркаат на улица и на крај ги плаќаат не нив, туку газдите. Тоа мислам дека е дефиниција за роб.“

Луѓето кои говореа за состојбите со новинарството уште еднаш констатираа дека работите се црни, но и тоа дека нема исчекор напред.

Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми вели дека сите нормални начини кои досега биле преземени да се решат проблемите било само гребење по површина.

„Без оглед на сето залагање, во моментов нема сила која ќе го запре овој процес на уништување на слободата на изразување. Ние не успеваме да натераме некого, а сите знаат кого, да го ослободи медиумскиот простор.“

Затоа, пак, новинарот Сашо Орданоски предлага свое решение.

„Не разговор и чекање на законот, туку веднаш да се закаже денот кога ќе се пали законот пред собранието во секундата кога ќе го донесат, за да таа вест стигне до CNN, немој да мислите дека било што помалку од ова ќе успее да ги вознемири.“

На конференцијата немаше претставници од власта, ниту, пак, главни уредници и сопственици на медиуми.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG