Достапни линкови

Солзавец против демонстрантите во Атина


Протести во Атина.

Протести во Атина.

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растури демонстрантите во Атина кои фрлаа камења, додека илјадници луѓе маршираа кон парламентот за време на првиот генерален штрајк годинава, организиран заеднички од Двата главни синдикати во земјата, Генералната конфедерација на трудот ГСЕЕ и Федерацијата на државни службеници АДЕДИ. На демонстрациите против мерките за штедење излегоа околу 35 илјади луѓе. На протестите во Солун, пак, излегоа околу 15 илјади луѓе. Поради штрајкот, летовите на атинскиот аеродром се откажуваат или прераспоредуваат, а болниците работат со намален капацитет. Грција веќе шеста година е во рецесија и со меѓународни спасувачки пакети се обидува да избегне банкрот. Владата вели дека нема алтернатива на строгите мерки за штедење.
XS
SM
MD
LG