Достапни линкови

Дваесет и шест заболени од легионерска болест во Куманово


Дваесет и шест случаи на легионерска болест се регистрирани во Куманово, информираат од Центарот за јавно здравје во тој град. Епидемиолозите велат дека извршиле истражување на терен и откриле дека нема епидемиолошка поврзаност меѓу заболените. Болеста успешно се лекува доколку навреме се дијагностицира и со специфична терапија. Бактеријата легионела најчесто се размножува во влажни или климатизирани простории, простории кои користат централно греење или ладење, базени, спа центри.
XS
SM
MD
LG