Достапни линкови

Карпош - Пријавата од „Урбан Инвест“ е почеток на валканата кампања


Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Стевчо Јакимовски, градоначалник на општина Карпош.

Пријавата од „Урбан Инвест“ против општина Карпош и градоначалникот Стевчо Јакимовски е почеток на валканата кампања, реагира Општина Карпош. Велат дека тоа било очекувано и дека се подготвени и во наредните 40 дена да се носат со вакви подметнувања.

Фирмата поднесе пријава до Антикорупциската комисија против Општина Карпош и против градоначалникот Стевчо Јакимовски, како и кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со тендерот за реконструкција на Платото Млечен ресторан. „Урбан Инвест“ тврди дека избраната фирма на тендерот не поставила гранитни плочки, како што се барало, туку дека поставила терацо плочки, кои се поевтини.

Општина Карпош наведува дека токму „Урбан Инвест’ го добил тендерот, но оти се однесувала неодговорно, неорганизирано и со несоодветна динамика во работењето, па затоа општината одлучила да го раскине договорот со оваа фирма и до надлежниот суд да поднесе тужбено барање за несоодветно однесување и надоместок на штета, од страна на „Урбан Инвест“.

„Оттаму, јасни се и мотивите за реваншизам и политичка дисквалификација зад кои ова фирма сака да ги прикрие својот непрофесионализам и изгубениот кредибилитет во деловниот свет“, се наведува во реакцијата на Општина Карпош.
XS
SM
MD
LG