Достапни линкови

logo-print

Бугарскиот парламент утре ќе гласа за оставката на владата


Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Оставката на Владата на бугарскиот премиер Бојко Борисов е доставена до Народното собрание и галасањето по неа ќе биде прва точка на утрешната собраниска седница, соопшти претседателката на бугарскиот Парламент Цецка Цачева. Борисов денеска информира дека неговата Влада поднела
оставка по протестите организирани поради зголемувањето на цените на струјата и владините мерки за штедење. При објавувањето на оставката, Борисов информира дека нема да учествува во работа на преодната влада, што се очекува да биде формирана за период до одржувањето на изборите. „Нема да учествувам во влада во која полицијата го тепа народот“, наведе тој. За време на вчерашните демонстрациите во Софија, дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што беа повредени 11 лица, пет полицајци и шестмина демонстранти.
XS
SM
MD
LG