Достапни линкови

Ставрески - Инвестицијата на Субрата Рој во Македонија ќе продолжи


Инвестицијата на Субрата Рој во Македонија непречено ќе продолжи и ќе стане реалност, а за тоа е потврда денешното соопштение од компанијата, вели вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Имаме и
усна потврда од Рој дека неговиот проект и во Охрид и на други места во Македонија ќе се реализират согласно динамиката што е договорена, изјави Ставрески одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на препумпна станица во скопската населба Драчево. Минатата недела Индиското регулаторно тело СЕБИ, на барање на Врховниот суд на Индија, ги замрзна сметките на компаниите на милијардерот Субрата Рој, поради долг од околу 4,7 милијарди долари. Утрово компанијата соопшти дека целосно се раздолжила.
XS
SM
MD
LG