Достапни линкови

Планирале напад на фабрика за алкохол поради „навреда на исламот“


Илустрација: Казахтанска водка.

Илустрација: Казахтанска водка.

Судот во градот Актобе во северозападен Казахстан осуди тројца млади луѓе на затворски казни од три до пет години затоа што планирале да кренат во воздух фабрика за алкохол поради „навреда на исламот“. Осудените, кои имаат 17, 18 и 19 години се изјаснија како невини. Нивните роднини тврдат дека младинците биле наместени од агенти на тајната служба. Минатата година директорот на фабриката мораше да ѝ се извинува на јавноста затоа што на шишињата со водка печателе слоган „Моќта на Алах е доволна за сите“ на арапски јазик. До извинувањето дојде откако казахстанските исламски свештеници протестираа, велејќи дека таков натпис на алкохолни производи е незамислив затоа што исламот забранува пиење алкохол. Казахстан е претежно муслиманска земја.
XS
SM
MD
LG