Достапни линкови

Уапсен јавен обвинител од Битола за помагање на шверцери со оружје


Илустрација.

Илустрација.

Полицијата го уапси јавниот обвинител со иницијали С.Т од Битола, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластувањата. Во полициска акција поврзана со нелегална трговија на оружје е уапсен и неговиот возач. Јавниот обвинител од Битола е осомничен дека прикривал пријави за сторители на кривични дела од областа на нелегалната трговија со оружје. Според првичните информации, упасени се уште две лица во Прилеп. Од МВР најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден.
XS
SM
MD
LG