Достапни линкови

Околу 50 милијарди долари нелегално изнесени од Русија во 2012


Гувернерот на Народната банка на Русија Сергеј Игнатјев.

Гувернерот на Народната банка на Русија Сергеј Игнатјев.

Гувернерот на Народната банка на Русија Сергеј Игнатјев изјави дека скоро 50 милијарди долари, или околу два отсто од БДП-то, нелегално се изнесени од Русија во 2012 година. За рускиот бизнис неделник Ведомости, тој изјавил дека се чини оти половина од парите се префрлени на банкарски сметки во странство „од добро организирана група луѓе“, но не сакаше да ја идентификува групата. Игнатјев вели дека нелегалните трансфери на пари може да се за исплати за испорака на дрога, мито и поткуп на функционери, избегнување на плаќање данок и за други нелегални активности. Игнатјев е на чело на Банката на Русија 11 година, е треба да се пензионира во јуни годинава.
XS
SM
MD
LG