Достапни линкови

logo-print

Неплаќачите на придонеси - привилегирани?


Илустрација: Пензионери.

Илустрација: Пензионери.

Простувањето на заостанатите давачки на компаниите од страна на владата, за дел од експертите е во функција на предизборието.

Отписот на казните за заостанати придонеси на фирмите, краткорочно е добра одлука, која од друга страна може негативно да влијае на фискалната дисциплина, сметаат економистите и упатените, дел од кои се сомневаат дека одлуката е предизборна реклама.
И во минатото се случувало да се користат такви мерки, не само кај нас, туку и во други земји, прашање е од кој аспект се гледа решавањето на проблемот. Во секој случај тоа е голема помош на претпријатијата. Значи дали е целта на владата да продолжат да работат тие претпријатија или да се уништат?

По неколку години присилна наплата на заостанати долгови за придонеси, фирмарина и радиодифузна такса, владата одлучи да им ги прости каматите на компаниите – должници кои имаат заостанати давачки за здравствено и пензиско осигурување.
Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.

Премиерот Никола Груевски на средба со бизнис заедницата и стопанските комори.


Не станува збор за нова практика, вели универзитетскиот професор Марија Зарезанкова Потевска.

„И во минатото се случувало да се користат такви мерки, не само кај нас, туку и во други земји, прашање е од кој аспект се гледа решавањето на проблемот. Во секој случај тоа е голема помош на претпријатијата. Значи дали е целта на владата да продолжат да работат тие претпријатија или да се уништат?“

И за претходните избори во 2011 се случи намалување на акцизите за бензинот и сега што се случува ова опростување токму пред избори, повеќе од јасно е дека сето ова е во функција на предизборието. Од друга страна исто така е важно да се нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ, се фали со својата успешност во наплатата, но одеднаш јавноста дознава дека наплатата и не била така добра и дека една од причините за кризата на фондовите е слабата наплата.
Ваквата одлука следи по најавите од Управата за јавни приходи за присилна наплата на давачките за радиодифузна такса, кои важат и за компаниите. Во текот на минатата година дел од фирмите се жалеа на присилна наплата на фирмарина, а опозицијата процени дека со ваквата постапка на гратските власти, биле затворени 25.000 мали фирми. Сето тоа се случува во услови кога и владата им должи пари на фирмите. Простувањето на каматите за придонеси носи и ризик, смета Потевска:

„Но останува фактот дека може и понатаму други да се надеваат дека тоа пак ќе се случи и тоа останува.“

Пратеникот Изет Зекири, кој се спротистави на законските измени со кои се донесоа олеснувањата, забележа дека одлуката е дискриминаторна за компаниите кои редовно ги исплаќаат придонесите.

„Ако сакате да и помогнете на економијата донесете закон со кој ќе ја обврзете владата за 60 дена да им го врати данокот на додадена вредност на компаниите, кога ќе се врати ДДВ-то тогаш и компаниите ќе можат да ја сервисираат оваа минимална камата за социјалните придонеси. Вие носите популистички закони, кои реално не и помагаат на економијата.“

Се поставува дилемата дали одлуката е донесена од потреба, имајки предвид дека предизборната кампања е во полн ек. На многу луѓе им е јасно дека ова е предизборен маркетинг, вели политикологот Здравко Савески.

„И за претходните избори во 2011 се случи намалување на акцизите за бензинот и сега што се случува ова опростување токму пред избори, повеќе од јасно е дека сето ова е во функција на предизборието. Од друга страна исто така е важно да се нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ, се фали со својата успешност во наплатата, но одеднаш јавноста дознава дека наплатата и не била така добра и дека една од причините за кризата на фондовите е слабата наплата.“

За појаснување, пратениците ги изгласаа законските решенија со кои се бришат долговите за камати за неисплатени придонеси пред 2009 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG