Достапни линкови

Во Санкт Петерсбург ограничено правото на протести


Локалните власти во вториот по големина град во Русија, Санкт Петерсбург, донесоа одлука со која се забрануваат сите јавни собири на градските централни плоштади и низ главните булевари. Според одлуката, секој собир со над 200 луѓе, треба да биде одобрен и да се одржува на определени места. Овие правила не важат за собири на законодавци со гласачите, за религиозни церемонии, спортски настани, културни и прослави на историски датуми и празници. Опозицијата оцени дека оваа одлука е неуставна и оти ќе се борат да ја поништат.
XS
SM
MD
LG