Достапни линкови

logo-print

24-часовен генерален штрајк во Грција


Во Грција денеска се одржува 24 часовен генерален штрајк кој го организираат најголемите синдикати против мерките за штедење што ги спроведува владата на премиерот Андонис Самарас. За попладне се планирани и масовни протести во Атина и во други грчки градови. Не работат училиштата, болниците, банките и сите јавни институции, а не функционира ни јавниот превоз. Штрајкуваат и адвокатите, инижнерите, градежните работници, кои се едни од најтешко погодените од економската криза. До генералниот штрајк доаѓа на една недела пред новата посета на претставници на така-наречената тројка кредитори, - Европската Комисија, Европската Централна Банка и Меѓународниот Монетарен Фонд.
XS
SM
MD
LG