Достапни линкови

Сајбер напади: Кина - САД


Соединетите Држави и Кина меѓусебно се обвинуваат по бранот сајбер-напади врз американски владини агенции, организации, медиуми и приватни фирми. Последните препукувања доаѓаат по соопштението дека биле засегнати и некои од компјутерите Мекинтош на вработени на Епл.

Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни изјави дека САД постојано изразуваат загриженост за „сајбер-кражбите“ во кои се вклучени високи претставници на кинеските власти, вклучително и на војската.

Постојано им ја повторуваме на највисоко ниво на кинеските преставници нашата загриженост за сајбер кражбите.
„Ние постојано им ја повторуваме на највисоко ниво на кинеските преставници нашата загриженост за сајбер кражбите во кои е вклучена и војската и ќе продолжиме да го правиме тоа. Станува збор за голем предизвик.“

Министерството за надворешни работи на Кина ги отфрли како неосновани обвинувањата за вклученост на владата во хакирањето. Портпаролот Хонг Леи изјави дека во 2012 странски хакери користеле вируси и други софтвери за да преземат контрола врз 1400 компјутери во Кина и 30 илјади веб страници.

„Кина остро се противи на хакирањето. Ние имаме применето релевантни закони и прифатено стриктни мерки за тоа да го спречиме. Кина исто така, е жртва на сајбер нападите.“
Имаме применето релевантни закони и прифатено стриктни мерки за тоа да го спречиме. Кина исто така, е жртва на сајбер нападите.

Портпаролот Хонг Леи додаде дека токму Кина била голема жртва на хакирањето и дека повеќето сајбер-напади врз кинески сајтови потекнуваат од САД.

До овие последни препукувањата дојде откако компанијата Епл соопшти дека неодамна била нападната од хакери кои ги заразиле Мекинтош компјутерите на неколку вработени преку кои се заразиле и некои корисници. Епл соопшти дека податоци не се украдени.

Засега нема јасни докази за тоа кој стои зад нападот. Соопштението на кинеското министерство инаку доаѓа и по извештајот на американската компанија за безбедност Мундиант, која објави дека кинеска воена единица во Шангај е поврзана со серијата сајбер напади врз американски владини корпорации и медиумски компани како Нујорк Тајмс, Вол Стрит Журнал, Фејсбук и Твитер.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG