Достапни линкови

Камерон им оддаде почит на жртвите од колонијалното владеење во Индија


Илустрација

Илустрација

Британскиот премиер Дејвид Камерон, кој е во посета на Индија, положи венец на меморијалниот споменик на масакрот на стотици индијци од страна на британските колонијални сили во 1919-та година. Ова е прв пат еден британски премиер да направи ваков гест во северо-западниот град Амритсар. Камерон во книгата во меморијалниот центар напишал – Ова е срамен настан во британската историја. Британското владеење во тој дел од светот беше окончано во 1947-ма година.
XS
SM
MD
LG