Достапни линкови

Падна владата на Бугарија


Софија, Судири на полицијата и демонстрантите

Софија, Судири на полицијата и демонстрантите

Владата на Бугарија денеска си поднесе оставка. Причина се неколкудневните протести, кои беа иницирани од високите сметки за струја, а потоа прераснаа и во анти-владини демонстрации. Премиерот Бојко Борисов се обиде да ја смири ситуацијата со разрешување на министерот за финансии и ветување дека ќе биде намалена цената на струјата и казнети странските компании кои ја дистрибуираат. На вчерашните протести во Бугарија дојде и до судири со полицијата, при што 25 лица беа повредени. При соопштувањето на оставката, премиерот Бојко Борисов денеска изјави дека не сака да биде дел од влада чија полиција тепа граѓани. За во јули во Бугарија се предвидени парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG