Достапни линкови

Вашингтон повикува на надминување на политичките тензии


Американскиот Стејт департмент, како дополнителна реакција во врска со случувањата на политичката сцена во Македонија повторно укажа на заедничкото соопштение на претставниците на Соединетите Американски Држави, Европската Унија, НАТО и ОБСЕ. Како што јавува државната агенција МИА, Стејт департментот бара итни чекори за надминување на актуелните политички тензии. САД продолжуваат да ги повикуваат и Владата и опозицијата да постигнат решение. Во соопштението, кое беше објавено на 14 февруари, првите луѓе на мисиите на САД, ЕУ, ОБСЕ и НАТО ги повикаа сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог и да се фокусираат на стратешките приоритети и интересите на земјата и на нејзините граѓани.
XS
SM
MD
LG