Достапни линкови

Неколкумина повредени во протестите во Софија


Неколкумина демонстранти беа повредени откако Бугарите кои се лути на лошите животни стандарди се судрија со полицијата во главниот град, Софија. Во текот на изминатата недела Бугарија се соочува со протести кои првично беа против високите сметки за струја, но потоа се претворија во протести против централно-десничарската влада. До 2.000 демонстранти се собраа во центарот на Софија и бараа оставка на владата. Демонстрантите го блокираа централниот булевар, а некои фрлаа камења кон полицијата која употреби палки за да ги растера толпата. Протестите се најголемите во последниве 15 години и доаѓаат само неколку месеци пред парламентарните избори во јули.
Премиерот Бојко Борисов вети дека ќе ги намали цените на енергенсите и дека ќе и ја одземе дозволата на Чешката компанија во чија сопственост е компанијата за дистрибуција на електричната енергија. Пред два дена Борисов го разреши министерот за финансии на земјата.
XS
SM
MD
LG