Достапни линкови

logo-print

Ливни ќе ги обновува мировните преговори со Палестина


Ципи Ливни

Ципи Ливни

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека поранешната министерка за надворешни работи Ципи Ливни ќе направи напори да се обноват замрените мировни разговори со Палестинците. Нетанјаху изјави дека Ливни, исто така, ќе биде министер за правда во новата влада, која ќе биде формирана по изборите во јануари. Според премиерот изборот на Ливни, која беше критичар на Нетанјаху, е дел од неговиот план да формира "широка и стабилна" влада. Ливни ги водеше претходните израелски разговори со Палестинците. Палестина соопшти дека постојат малку изгледи за продолжување на мировните разговори доколку владата на Нетанјаху продолжува да ги реализира плановите за изградба на повеќе населби на Западниот Брег и источен Ерусалим за чие земјиште Палестинците тврдат дека е нивната идна држава. Веќе две години нема суштински мировни разговори меѓу Израел и Палестина.
XS
SM
MD
LG