Достапни линкови

Генералот Ален се откажа од функцијата врховен командант на НАТО


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека генералот Џон Ален ќе се пензионира и затоа нема да ја преземе функцијата врховен командант на НАТО. Во писмената изјава Обама објаснува дека Ален ќе се посвети на неговото семејство, по 19-месечната турнеја во Авганистан. Неодамна имаше шпекулации дека Ален нема да ја прифати понудата на Обама за највисоката функција во НАТО. Ален беше командант на американските и НАТО сили во Авганистан и побара повеќе време за да донесе одлука за неговиот следен чекор во кариерата.
НАТО соопшти дека потполно ја почитува одлуката на генералот Ален.
XS
SM
MD
LG