Достапни линкови

Нов протест на новинарите во Грција


Откако грчкиот суд штрајкот на новинарите го прогласил за незаконски, од синдикатот за денеска најавија нов 24-часовен штрајк. Вработените во медиумите вчера штрајкуваа во знак на протест против владините мерки за штедење. Заради штрајкот посетата на францускиот претседател Франсоа Оланд на Грција беше минимално покриена. Власта ја обвини главната опозициска партија - Коалицијата на радикалната левица Сириза за поттикнување на протестот со цел да дојде до информативен мрак за посетата на францускиот претседател. Државната телевизија пристигнувањето на Оланд на аеродромот во Атина и пречекот од Самарас и членовите на неговиот кабинет ги прикажа во живо, но без коментар, како и заедничката прес конференција на двајцата лидери. Судот одлучил дека штрајкот е незаконски и го принуди новинарскиот синдикат да го откаже.
XS
SM
MD
LG