Достапни линкови

Градежните работи на „Јужен поток“ се одвиваат според планот


Премиерот на Бугарија Бојко Борисов и рускиот претседател Владимир Путин заклучиле дека работите на гасоводот „Јужен поток“ напредуваат според планот.
Како што пренесува бугарската владина прес служба Борисов и Путин телефонски разговарале за билатералните политички и економски врски и прашањата од заеднички интерес. Во соопштението се наведува дека двајцата лидери нагласиле дека трговската размена меѓу Бугарија и Русија во последните две години е зголемена за 30 отсто, а разговарале и за напредокот во реализацијата на проектот „Јужен поток“, заклучувајќи дека работите напредуваат според планот.
По разговорот со Путин, Борисов изјави дека рускиот претседател Путин и премиерот Дмитриј Медведев го повикале во посета на Москва со цел да се разговара за откажување од судскиот процес во врска со опремата која Бугарија ја нарачала за изградбата на нуклеарната централа Белене, од која подоцна се откажа.
XS
SM
MD
LG