Достапни линкови

Најмалку 19 загинати во гранатирање во Алепо


Проектилот соборил три соседни згради во Алепо.

Проектилот соборил три соседни згради во Алепо.

Најмалку 19 луѓе загинале во гранатирањето на градот Алепо, информира Сиријската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. Тие велат дека меѓу загинатите има шест деца и три жени и оти е многу веројатно бројот на жртви да расте затоа што преживеаните сè уште пребаруваат по урнатините. Жители на Алепо велат дека проектилот соборил три соседни згради. Активистите претпоставувааат дека се работи за Скад ракета земја-земја. Во декември НАТО соопшти дека сиријската армија користи Скад ракети за гранатирање на подрачјата контролирани од бунтовниците.
XS
SM
MD
LG