Достапни линкови

МВР се надева на мирни избори


Се уште не е определена точната бројка на полициски припадници кои ќе бидат ангажирани за денот на изборите, но министерката за внатрешни работи очекува избори кои ќе бидат добро оценети и кои нема да донесат проблеми со кои министерството ќе треба да се справува.

Согласно преземените мерки на МВР и оперативниот штаб како и досегашното искуство за коректна соработка со сите државни институции, очекуваме избори кои ќе бидат добро оценети и кои нема да донесат проблеми со кои министерството ќе треба да се справува, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Јас не би сакала да коментирам политички одлуки на било кој политички субјект, меѓутоа од позиција на министер за внатрешни работи можам да им гарантирам на граѓаните дека во целост ќе може да ги искористат своите права и во смисла на нивното гласачко право, но и во смисла на реализирање на нивните права како кандидати за различни позиции на овие локални избори.
Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.

Запрашана за очекувањата за текот на изборите а со оглед на бојкотот од страна на опозицијата , Јанкулоска вели:

„Јас не би сакала да коментирам политички одлуки на било кој политички субјект, меѓутоа од позиција на министер за внатрешни работи можам да им гарантирам на граѓаните дека во целост ќе може да ги искористат своите права и во смисла на нивното гласачко право, но и во смисла на реализирање на нивните права како кандидати за различни позиции на овие локални избори.“

Што се донесува на надлежностите на МВР при евентуални протести на опозицијата на денот на изборите, Јанкулоска вели:

„МВР има надлежности во делот на одржување на јавниот ред и мир, ќе постапиме во рамки на нашите надлежности во одржување на јавниот ред и мир.“
Не би рекла дека ексклузивитетот на проблеми го има само Западна Македонија, напротив сме имале проблеми во сите делови на Македонија, но искрено се надевам дека на овие избори нема да бидеме во ситуација, во било кој дел од Република Македонија да има потреба од ангажман на полицијата или реакција на полицијата.
Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.

Се уште не е определена точната бројка на полициски припадници кои ќе бидат ангажирани за денот на изборите, а тој зависи од повеќе параметри и проценката на Министертсвото за внатрешни работи. Индикатор за посебно внимание се местата каде што во претходните изборни циклуси имало инциденти, додаде министерката за внатрешни работи.

„Не би рекла дека ексклузивитетот на проблеми го има само Западна Македонија, напротив сме имале проблеми во сите делови на Македонија, но искрено се надевам дека на овие избори нема да бидеме во ситуација, во било кој дел од Република Македонија да има потреба од ангажман на полицијата или реакција на полицијата.“

МВР е во очекување ДИК да ги објави описите на избирачките места до 21 февруари по што ќе биде направен детален план за распоред на полициските службеници.

Во работата на оперативниот штаб поканети се да учествуваат и претставници на ОБСЕ и други претставници намеѓународната заедница кои имаат интерес за следење на изборниот процес а писма за соработка се потпишани и до заинтересираните невладини организации кои сакаат да дадат придонес во организирање на локалните избори, посочи министерката Јанкулоска.
XS
SM
MD
LG